Илија Младеновски – потпретседател на РБЛ: Македонија и Кро тим ќе се сретнат во Штип!

На состанокот на Регионалната боксерска лига завчера во Загреб Илија Младеновски, претседателот на Пинк Пантер, по втор пат е избран за потпретседател на Управниот одбор на РБЛ.

Новиот Управен одбор на РБЛ

„На 29 јануари ќе се одржи нова седница на УО во Белград, Србија, на која некои работи ќе се дообјаснат. Што се однесува до Македонија, имаме една година искуство и верувам дека ќе бидеме уште подобро организирани. Ќе организираме заеднички подготовки на нашата репрезентација. Во првото коло, кое ќе стартува од Штип на 10 март, ќе се сретнеме со Кро-тим или репрезентацијата на Хрватска до 22 години. Новиот претседател на Регионалната лига најави дека ќе има и нов спонзор на Лигата. Верувам дека љубителите на благородната вештина и годинава ќе гледаат квалитетен бокс“, изјави Илија Младеновски по пристигнувањето од Загреб.

Да посетиме дека во Загреб беше направено жребувањето за втората сезона на РБЛ која ќе брои 6 екипи од 4 држави. Македонија ќе ја претставува репрезентацијата во бокс. Во првото коло на 10 март ќе се сретнат Македонија- Кро тим, Металац- Лозница, и Гладијатор- Подгорица.

Сепак, постои можност во Белград да се приклучи и Словенија.

Дa потсетиме дека Славиша Чуровиќ е новиот претседател на РБЛ, а Томо Кадиќ директор, а досегашниот претседател на УО, Јурица Рунтиќ, кој неодамна си поднесе оставка, сега доби нова функција – советник на претседателот.

Членови на Управниот одбор се:
Славиша Чуровиќ – претседател
Томислав Ловречки – БК Гладијатор
Душан Пантелиќ – БК Металац
Илија Младеновски – БК Македонија
Владан Даниловиќ – БК Лозница
Јурица Рунтиќ – БК Кро тим
Блажо Шарановиќ – БК Подгорица.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО