Џон Џонс го помина детекторот на лаги

Џон Џонс беше на полиграф минатиот месец надевајќи се дека ќе докаже дека намерно не земал допинг пред реваншот со Даниел Кормиер.

Изворите на УФЦ објавија дека поранешниот шампион го поминал „детекторот на лаги“.

Тестот го спроведе PGP Polygraph & Interviewing Service на 7 декември во Албукерке.

Ниту УФЦ ниту УСАДА не бараа од Џонс да подвргне на тестот.

30-годишниот борец и неговиот менаџер упорно тврдат дека свесно не земал никакви забранети средства. Комитетот за спорт во Калифорнија го поништи резултатот од борбата во која Џонс славеше со нокаут.

Во август УСАДА привремено го суспендира, но сè уште не му е одредена казна. Расправата е закажана за следниот месец.

Џонс беше позитивен и на допинг-тестот во 2016 година. Му беа откриени две забранети супстанции, летрозол и кломифен. Беше суспендирана една година откако беше одлучено дека од немарност земал апчиња за потенција кои беа причина за позитивен резултат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО