Илхан Озмен го освои златниот медал на Меѓународниот турнир „Лах Нимани“ во Приштина, Косово. Озмен го победи со 5-0 домашинот боксер Ќлирим Бериша.
Беќир Лимани изгуби 5-0 од боксер од Косово, а Хади Шехаби 2-3 од боксер од Словачка. Шехаби доби пехар за најборбен пар со Словакот.
Билансот на македонските боксери е едно злато, две сребра и три бронзи.