Настанот на Супер комбат на отворено во романскиот Команести во живо го следеа неверојатни 34.000 гледачи.
Вечерта со брилијантна борба ја завршија бранителот на титулата во суперкрузер категорија Шпанецот Хорхе Хавиер Лорен и Ионут Ифтимоае. 37-годишниот Романец славеше со едногласна одлука на судиите и притоа, покрај шампион на Супер комбат, стана и шампион на ВКН/WKN.
На Ифтимоае ова му беше проштален меч, но знаете како е тоа во кикбоксот.
34.000 гледачи во Команести е рекорд за европските кик бокс настани. Претходниот рекорд го држеше К-1 со настанот во Амстердам во 2007 година, што го следеа 25.000 луѓе.
https://youtu.be/SdbYEwo5LOg