Идризи подобар од Васиќ во кати на Државното првенство!

Abdurahim Idrizi na drzavno

На Државното првенство што се одржува денес една од поинтересните борби се водеше во кати за деца (помлади кадети) до 14 години, каде што државен шампион стана Абдурахим Идризи од КК Форца. 2015-05-09 14.17.44

Финалето се водеше меѓу сегашниот и поренашниот балкански шампион, Абдурахим Идризи и Јован Васиќ од КК Гладијатор, во кое подобар беше Идризи и победи со 4-1. Тој на патот до финалето стигна откако во првото коло беше слободен, потоа во второто со 5-0 славеше против натпреварувач на КК Солидарност и во полуфиналето со изведбата кан ку шо катата, исто така со 5-0, го совлада натпреварувачот од КК Урбан инвсет.

Финалистите ја изведоа мајсторската ката ун су.

Се надеваме дека на Балканското првенство во Црна Гора ќе гледаме македонско финале меѓу ривалите Идризи и Васиќ.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON