Македонскиот бисер го освои репрезентативецот Халил Зубаиров!

Најдобрите на Македонскиот бисер: Ѓорги Златев, Халил Зубаиров и Иван Јанев.
Најдобрите на Македонскиот бисер: Ѓорги Златев, Халил Зубаиров и Иван Јанев.

„Задоволен сум од прикажаните борби и сум радосен што успеав да го освојам трофејот Македонски бисер“, беше првичната изјава на нашиот репрезентативец Халил Зубаиров, кој го освои 39-от Македонски бисер, однонсо е прогласен за најдобар борач.

Zubairov i Pesko na Biserot
Зубаиров и тренерот Љубиша Пешко

Зубаиров го победи Бугаринот со 9-2, а Словакот со 10-0, односно со технички туш.

За еден месец ќе настапи на Европските игри во Баку-Азербејџан и ова е добар сигнал за неговата форма.

„Ја темпираме формата за Баку за да се избориме за висок пласман“, истакна Зубаиров, кој на Европското првенство У-23 во Полска го освои бронзенниот медал и е нашиот адут за Олимписките игри во Рио 2016 година.

Јасин Реџелари
Јасин Реџелари
Ivan Janev najdobar domasen borac na Biserot
Иван Јанев (десно)

Иван Јанев беше најдобар во категоријата до 57 килограми, при што беше прогласен за најдобар домашен борач. Јасин Реџелари (-61 кг) не дозволи изненадување, а Али Цури од Косово беше најдобар во категоријата до 65 кг, Дејан Митров во категоријата до 70 кг, Бугаринот Ѓорги Златев (-74) беше прогласен за најдобар странски борач. Дејан Богаданов беше прв во категоријата до 97 кг и Белорусинот Александар Николаев во категоријата до 127 кг.

Учество земаа 26 борачи од седум земји, при што беа прикажани просечени борби со неколку исклучоци.

Делегатот на турнирот, Словенцот Станислав Шербек, се изразил позитивно за организацијата на турнирот, а посебно признание добил генералниот секретар на Сојузот на спортови на Макеоднија, Борче Боев, за високото ниво на организацијата во која учествуваа Агенцијата за млади и спорт, Федерацијата за боречки спортови на Македонија и Општина Радовиш. Ова задоволство го делат и борачите.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО