И Усик на турнирот на Светската боксерска супер серија

(

И онака веќе силната Светската боксерска супер серија, турнирот во крузер категорија доби уште едно големо засилување.

На турнирот на осумината се приклучи и непоразениот ВБО шампион Алексанадар Усик. Покрај олимписки шампион од 2012 година на турнирот за сега се Марко Хук, ВБЦ шампионот Маирис Бриедис, ИБФ шампионот Мурат Гасиев, Јуниер Дориктос и Криштоф Влодарчик.

Сите учесници ќе се соберат на 8 јули во Монако, каде што ќе се знаат двојките за четвртфиналето.

Усик е воодушевен што ќе се бори за трофејот Мухамед Али.

„Се чувствувам среќно и инспирирано од идеата за ваков турнир. Мојот сон беше сите шампиони да се најдеме заедно и да видиме кој е најсилниот и кој ќе стане неоспорен крал на категоријата“.

Вториот турнир се одржува во суперсредна категорија.

Четвртфиналињата се закажани во септември и октомври, полуфиналето на почетокот на 2018 година и финалето во мај следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО