Имаше многу муабети околу борбата меѓу Флојд Мејведер и Теншин Насукава, која пред неколку недели беше официјално објавена на прес-конференција во Јапонија, но неколку дена подоцна Флојд рече дека нема да се бори, бидејќи бил доведен во заблуда.
Очигледно од Ризин беа убедливи и му понудија големи пари на „Мани“, бидејќи во интервју рече дека битката повторно е факт и денес пак беше најавена од страна на Ризин.
https://twitter.com/Derek_Ideluca/status/1068014506058674176?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fmma.bg%2Fnovini%2Fboks-novini%2Fveche-e-ofitsialno-mayweather-sreshtu-nasukawa-na-rizin-14
Непобедената легенда во рингот, Флојд, тврди дека борбата со непоразениот феномен Насукава, кој има само 20 години, ќе биде нешто како загревање во три рунди по три минути. Иако Флојд очекува егзибиска борба која ќе му донесе милиони, неговиот противник, Теншин веќе се закани дека нема да си игра и ќе го нокаутира. Во рингот влегуваат на 31 декември во Јапонија и шоуто е гарантирано.