И Мајк Тајсон учествуваше во промоцијата на спектаклот на УФЦ предводен од Пориер и Гејџи (ВИДЕО)

Најголемата светска ММА организација објави уште едно одлично видео во пресрет на настанот УФЦ 291 кој се одржува викендов во Солт Лејк Сити, како најава за борбата меѓу Дастин Пориер и Џастин Гејџи.

Имено, врвни борци во лесна категорија ќе се борат за појасот БМФ, кој до неодамна беше во сопственост на Хорхе Масвидал.

Пориер и Гејџи ќе по втора пат се сретнат во октагонот во кариерата, тоа ќе биде реванш од 2018 година кога Дајмонд победи со прекин во четвртата рунда.

А за да ја вжешти атмосферата пред спектаклот со боречки вештини, УФЦ го ангажираше поранешниот светски шампион и боксерска легенда Мајк Тајсон за малку повеќе промоција…

Во конасловната борба во полутешка категорија Јан Блахович ќе се бори против Алекс Переира, а интересна ќе биде и борбата во тешка категорија меѓу Дерик Луис и Маркос Рожерио де Лима.

Во лесна категорија Тони Фергусон се соочува со Боби Грин, а Мајкл Киеза против Кевин Холанд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО