Неколку дена по завршувањето на мечот меѓу Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор, излегуваат видеа од познатите личности кои биле на средбата. Едно такво видео се појави со кошаркарските ѕвезди Леброн Џејмс и Џ.Р. Смит кои меѓу себе разменија мислења околу натпреварот.
Џејмс истакна дека Мек Грегор е јака фаца што успеал да го издржи целиот меч на нозе без да падне.
„Мора да се почитува Мек Грегор поради една причина. Тој не е боксер, а успеа целиот меч да го издржи на нозе без да падне“, изјави Џејмс.
На тоа се надоврза и Џеј Ар Смит, кој додаде дека ако се прашува тој, би издржал без да падне за 30 милиони долари.
„За 30 милиони долари и јас би одиграл така“, се надоврза Смит.
На тоа му реплицираше ,,кралот” Џејмс додавајќи дека би паднал и би си отишол со парите дома.
„Јас веднаш би паднал, не бил издржал 10 рунди. Дефинитивно Мејвејдер е најдобар“.
https://twitter.com/DavidLCarrion/status/902345196188393477?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fderbi.mk%2Flebron-dzhejms-za-borbata-na-vekot-da-sum-mekgregor-vednash-pagjam-video%2F
.