Промоторот Еди Херн тврди дека Тајсон Фјури бара „премногу пари“ во преговорите за обединувачка борба против Aлександaр Усик.
Борбата за неприкосновената титула во тешка категорија меѓу Британецот и Украинецот бранува со месеци, но се уште нема официјална потврда за средбата.
Зборувајќи за ТВ ИФЛ, Херн рече: „Ќе ви го кажам ова. Ентони Џошуа се бореше со Усик двапати, без никакви проблеми. Без прашања, без долги преговори“.
„Рече дека тоа е негова должност и дека ќе се бори со него. Сите рекоа да го откажеме мечот со Усик, бидејќи ќе биде тешка борба. Но, Еј Џеј рече не“.
„Тој беше категоричен дека сака да стане неприкосновен светски шампион и рече: „Дај ми го Усик! “. Потоа дојде реваншот и луѓето рекоа дека Џошуа не сака да се бори со Усик пред да има борба за загревање. Но, повторно рече не и се случи втората борба“, рече жестоко Херн.
Тој, исто така, директно му се обрати на Фјури. „Мајчина ти! Сакаш пари. Премногу пари. Ако сакаш да бидеш неприкосновен светски шампион, прифати ја борбата. Така ќе добиеш 50 или 60 милиони фунти наместо 80, 100 или 125 милиони фунти што ги сакаш“.
„Фокусирај се на една работа, 1 април. Џошуа се враќа против Џермејн Френклин. Никогаш не се криел од никого. Секогаш сакаше борби. Бори се со сите овие луѓе“, додаде тој.
На прашањето дали мисли дека борбата меѓу Фјури и Усик навистина ќе се случи, Херн рече: „Мислам, можеби!“.