И Дана Вајт смета дека Ронда Русеј ја завршила кариерата

Ronda neso zeva

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, рече дека најверојатно Ронда Русеј никогаш повеќе нема да стапне во октагонот.

„Роуди“ се уште не ја објавила својата одлука по нокаутот од Аманда Нуњеш, а повеќе луѓе очекуваат да прекине со ММА кариерата, затоа што последните два дуели ги изгуби со тешки нокаути.

Дана Вајт исто така е еден од тие кои не очекуваат Ронда да направи нов обид за враќање.

„Од разговорот што го имав со неа, би рекол дека таа не би го направила повторно тоа. Но тоа зависи од неа. Мислам дека најверојатно ја заврши кариерата. Сега ќе почне да го живее својот живот“, изјави Вајт.

„Таа има дух на натпреварувач и активноста значеше нешто за неа. А кога одеднаш изгуби, почна да си вели – „по ѓаволите, што правам? Тоа е целиот мој живот. Тоа ли е? Сакам да преживеам и да почнам да правам други работи“. И мислам дека токму тоа започна да го прави таа. Ронда сега има многу пари. Таа никогаш повеќе нема да има потреба од пари“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО