Хва ранг ИТФ освои шест медали на „Романија опен 2017“ (ФОТО)

Шест медали освоија таеквондистите на Хва ранг ИТФ викендов на Меѓународниот турнир од А калса „Романија опен 2017“ во Ородеа – Романија, и тоа 3 златни, 1 сребрен и 2 бронзени.

Медалите ги освоија: Марио Крстески, златен во форми и сребрен во борби; Филип Трифуновски злато во форми и бронза во борби и Божидар Димитриевиќ златен во борби.
На турнирот настапија натпреварувачи од  10 земји од регионов: Романија, Бугарија, Србија, БиХ, Унгарија, Австрија, Молдавија ,Чешка, Словенија и Македонија.

Според тренерот Марјанчо Лазаревски големо изнендаување приредиле Марио  Крстески и Филип Трифуноски.

„Марио Крстески зеде злато во форми, а во борби беше оштетен од судиите во финалето,  иако беше драстично подобар од противникот. Се закити со сребрен медал и со тоа му беше скратена можноста да го освои пехарот за најдобар кадет.
Филип Трифуноски својата супериорност ја демонстрира со специјални техники, кој во кокуренција на 17 кадети  го освои првото место, иако ова му беше прв пат да натпреварува  во оваа дисциплина, додека во борби се закити со бронза.
Божидар Димитриевиќ очекувано го освои првото место Златото во борби и со тоа го потврди својот квалитет што го покажа во Љубљана каде што зададе два нокаути со вртен удар и беше запишан во листата на нокаутери на 13 години

Давид Крстески на овај турнир стигна до полуфиналето  и го освои бронзениот медал, но овај пат беше видливо преморен и не можеше да го даде својот максимум. Хриситјан Митрески исто така беше преморен од претходните натпревари.

Презадоволни сме од нашиот настап иако бевме скептични дека ќе освоиме некој медал, затоа што беше видлив уморот кај нашите натперварувачи од претходните натпревари. Сепак, нашите борци  повторно направија да се чувствуваме горди како Македонци, при што беа пофалени за нивната атрактивност на овај натпревар од раковдоството на ИТФ“, вели Лазаревски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО