ХВА ранг ИТФ на завршен таеквондо турнир во Лозница-Србија

NVA rang site vo Blagoevgrad

Во петок таеквондистите од ХВА ранг ИТФ, предводени од  Марјанчо Лазаревски и Саша Поповски, заминуваат за Лозница, Србија, каде ќе настапат на меѓународен таеквондо турнир.

„Сакаме да се претставиме во што подобро светло и да ги браниме боите на клубот и Македонија онака како што знаеме и умееме. Посебно по одличните настапи на неодамнешните турнири во Благоевград, Бугарија, Кула, Србија и Унгарија. Ова е завршен турнир за оваа година“, вели тренерот Лазаревски.

На турнирот во Лозница ќе се патува речиси во комплетен состав, а на борилиштата ќе излезат ќе има и дебитанти на големите натпреварувања.

Зa тимот на ХВА ранг ИТФ настапат: Александар Јовановски, Давид Велковски, Антонио Јанески, Божидар Димитриевиќ, Христијан Митрески, Стефан Каланоски, Филип Јосифоски, Елена Јанеска, Давид Крстески, Марио Крстески, Јовче Џајкоски, Дејан Латиноски и Михаил Иваноски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО