Џон Џонс: Мек Грегор и Русеј ми беа поддршка!

Jones ronda mcgregor

Џон Џонс конечно проговори за настаните што го доведоа до суспензија и губење на титулата. Поранешниот светски шампион откри дека во тие тешки времиња поддршка му пружиле и најголемите днешни ѕвезди на УФЦ.

Во првото големо интервју откако беше укината суспензијата поради сообраќајната, која ја предизвикува тој, Џонс призна дека имал проблеми со алкохолот и дрогата. Џонс поминал рехабилитација и сега е трезен три или четири месеци. Прероден и прочистен, „Bones“ конечно призна дека имал проблеми.

„Возбуден сум што конечно се ослободив од сето тоа. Ми требаше долго време да си признаам деак имам проблем, бидејќи бев способен да се грижам за своето семејство, да победувам во борботе и да сокривам од светот дека пушат трева и пијам три или четири дена во неделата.

Добро се носев со мојот живот, така што не мислев дека имам проблеми. Но, сега кога сум трезен, сфаќам дека тотално сум имал проблеми“.

Џонс во тие тешки моменти и за време на рехабилитацијата имаше поддршка од семејството, тренери и тимските колеги, но го поддржале и двете најголеми ѕвезди на УФЦ, Ронда Русеј и Конор Мек Грегор.

„Ронда Русеј дефинитивно ми пружи поддршка, исто како и Конор Мек Грегор. Ронда силно ме поддржа и често ми праќаше пораки. Дури и ме покани да останам во нејзиниот дом во Калифорнија.

Конор Мек Грегор ми пишуваше: „Еј, прваку, занеш- еднаш шампион секогаш си шампион и вреувам дека ќе се вратиш од ова многу силен“. Ми пишуваше зборови за поддршка“, рече Џонс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО