Теквондо клубот Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид, викендов ќе учествува на Меѓународниот теквондо турнир во Добој, Босна и Херцеговина, кој се вбројува во еден од најпрестижните турнири на Балканот.
На турнирот под водство на Марјанчо Лазаревски ќе настапат вкупно 16 натпреварувачи: Крстесеки Давид, Крстески Марио, Јанеска Елена, Јанески Антонио, Димов Јане, Митрески Христијан, Велковски Давид, Димитриевиќ Божидар, Спасека Јана, Јованоски Александар, Кузманоски Климент, Трифуноски Филип, Грозданоски Климент, Филип Јосифоски, Ангела Јовческа и Тамара Вељаноска.
Од клубот веруваат дека натпреварувачите ќе го дадат својот максимум и ќе имат успешен настап на турнирот во БиХ.
Ipon.mk