Шампионот на Светската боксерска организација (ВБО) во суперлесна категорија Морис Хукер (САД) ја одбрани титулата по победата на поени над Микел Леспиер (Тринидад и Тобаго) во Верона (САД). Носителот на круната ја демонстрира својата класа во првите шест рунди. Американецот многу добро ги редеше комбинациите, почнувајќи со величествената водечка рака.
Hooker dominates LesPierre, retains WBO 140lb title – https://t.co/AGVT664tws #boxing #boxingnews
— fightnews.com (@fightnews) March 10, 2019
Леспиер имаше огромни проблеми во петата рунда, но успеа да преживее. Во деветата рунда предизвикувачот повторно беше на работ да биде откажан, откако се најде во нокдаун. Судиите му доделија убедлива победа на шампионот, кој веќе има 26 победи (17 со нокаут) и 3 нерешени. Леспиер е со биланс од 21 победа (10 со нокаут), 1 пораз и 1 нерешена.
.