Првиот човек на Фајт најт чемпион, Хрвое Знаор, с еогласи својот официјален фејсбик профил за спектакуларниот ММА настан во Велес во саботата.
„Ја користам оваа можност да и се заблагодарам на сите оние кои придонесоа за Македонија Фајт најт чемпион 3 да биде настан за паметење! Најпрво од сите борци кои го оставија срцето во кафезот, одличниот и храбар борец на вечерта, Џевад Муфтиќ, моите борци од ЏЏК Ураган од Сплит, Петар Црмариќ и Звоне Вркиќ кои повторно не разочараа и мојот пријател и колега Франо Жижиќ, кој за разлика од некои други, подеднакво е голем и верен во сите наши порази и победи!
Од срце им се заблагодарувам на сите прекрасни Македонци и во градот Велес, пред се, на коорганизатор, Раде Стефановски, кој и покрај сите проблеми на кои наидувавме, даде максимално голем напор. Македонијо, гордеј се со него“!
Знаор вели дека конкретно, имал чест и гордост да и оддаде почит настраданите македонски колеги / полициските специјалци кои како херои загинале на 09 мај во Куманово во терористички напад.
„За сите оние кои ни се поддршка во нашите проекти уште еднаш им благодариме и на сите оние кои не оспоруваат, исто така и благодариме, бидејќи сте ни и како такви дополнителна мотивација! Одиме по нови победи и спортски предизвици“, вели Знаор.
За крај да рече: „Благодарам Македонијо, сигурно ќе се вратиме“!
ipon.mk/В.Д.