Хрватските Витези дебитираа во Свестката WSB-лига со минимален пораз

Хрватските Витези (Кроатин Најтс) дебитираа во Светската боксерска серија (WSB/СБС) со пораз против Италијан Тандер со 2-3.

Мечот се одржа во Фиренца, а првиот меч во историјата на хрватскиот тим во СБС го одработи Белорусинот Јуахени Кармилчук во категоријата до 49 килограми. Во полумува Белорускинот храбро се бореше, но на крајот беше поразен со едногласна одлука на судиите – 50-44, 50-44, 50-43 од Федерик Серре.

Филип Потуровиќ го изедначи резултатот, за Паоло Ди Лерни повторно да  ги доведе во водство италијанските боксери, додека Виченцо Лизи ја обезбеди конечната победа.

Во последниот меч на вечерта Тони Филипи ја постигна победата на кариерата совладувајќи го 13-годишни постариот Клементе Русо со едногласна одлука. 35-годишниот поранешен двократен светски шампион го порази братот на Тони, Бепо, во минатата година во СБС.

ВИДЕО од средбата.

WSB/СБС група, 1.коло

Гром – Витези 3-2

Федерико Сера – Јаухени Кармилчук (едногласна одлука на судиите)
Филип Потуровиќ – Франческо Гронели (поделена одлука на судиите)
Паоло Ди  Лернија – Иван Његач (КО, Р1)
Винченци Лизи – Алекса Марковиќ (поделена одлука на судиите)
Тони Филипи – Клементе Русо (едногласна одлука на судиите)

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО