Христијан Стојаноски денес настапува на Опен Балкан шампионатот, потоа следуваат седум финалиња

Денес на Опен Балкан шампионатот во Пале, Босна и Херцеговина, кој е под покровителство на ЕУБЦ, ќе настапи само Наум Стојаноски.
Во простанатите денови ќе настапат шестмина боксери во разлчни возрасни категории. Петмина од нив ќе се борат директно во финале.
Потсетуваме дека вчера Ален Рустемовски го победи Русинот Никита Косман и се пласира во финалето, каде што ќе ги одмери силите со Стефан Чамовиќ од Србија.
Опен Балкан шампионат:
Сениори
57 кг Адријан Русетмовски (Македонија) – Артур Нгтипјан (Србија) 19 октомври финале
60 кг Ален Рустемовски (Македонија) – Никита Косман (Русија) 3-2
Финале
60 кг Ален Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија) 19 октомври
Јуниори
50 кг Петар Трајчевски (Македонија) – Павле Поповиќ (Србија) 17 октомври финале
54 кг Арабел Рустемовски (Македонија) – Теодор Јосиевиќ (Србија) 17 октомври финале
Кадети
54 кг Христијан Стојаноски (Македонија) – Филип Станојевиќ (Србија) денес ½ полуфинале
80 кг Давид Здравевски (Македонија) – Ѓорѓе Ѓориќ (Србија) 18 октомври финале
Пионери
54 кг Џанер Билјали (Македонија) – Тодор Лучиќ (Србија) 17 октомври финале



