Хрговиќ пред мечот со МекКин: Кога сум на сто проценти можам да победам секого на светот

Наскоро повторно ќе влезе во рингот Филип Хрговиќ (15-0, 12 КО). Најдобриот хрватски боксер се бори на 12 август во лондонската О2 арена против Австралиецот Демси МекКин.

Победникот ќе стане задолжителен предизвикувач на ИБФ и ќе биде прв во редот за борба против подобриот од Усик – Дубоа, кои ќе боксираат на 26 август во Полска.

Хрговиќ моментално е на подготовки во Хјустон, а во интервју за Јутјуб каналот Васерман бокс на промотерската компанија вели дека едвај го чека мечот.

Последната борба на Ел Анимал беше во август минатата година кога со одлука на судиите го победи Кинезот Жилеи Жанг.

Сега го чека нов предизвик во рингот и борба против непоразениот Австралиец кој има 22 победи во кариерата.

„МекКин е солиден боксер, непоразен и голем. Тој е ист како мене, 198 сантиметри, во добра форма и многу погодува. Тренирам напорно, не го потценувам и очекувам добра борба“, нагласи Филип Хрговиќ и продолжи:

„Тоа ќе биде негов прв голем меч и сигурно ќе биде стопроцентно мотивиран. Не е врв во категоријата, но факт е дека се уште нема пораз во кариерата. Боксира во контрагард и секогаш бара борба против такви боксери. Но, имам добри спаринг партнери и ќе бидам подготвен за нашиот судир.

Победникот треба да добие шанса да се бори за појасите за светски првак во следниот меч, односно со подобриот од дуелот меѓу Усик и Дубоа.

„Следен на ред е предизвикувачот на ИБФ. Ако го победам МекКин, ќе станам „задолжителен предизвикувач“ на ИБФ. Тајсон Фјури се согласи на борба со Френсис Нгану, што значи дека мечот за обединување на титулата сè уште нема да се случи. Се надевам дека ИБФ ќе изврши притисок врз мене да се борам со Александар Усик до крајот на годината. Секако дека треба да го победам МекКин, а Усик мора да го победи Дубоа“, потенцира Филип Хрговиќ.

Хрватскиот тешкаш истакнува дека Усик во моментов е најдобриот боксер во светот и голем фаворит во мечот против Дубоа.

„А тројцата најдобри тешкаши во моментов се Усик, Фјури и веројатно Вајлдер“, рече Филип Хрговиќ и додаде:

„Верувам дека можам да го победам секој противник во тешка категорија. Сè уште не сум покажал се што знам, но наскоро ќе покажам. Кога ќе бидам 100 отсто подготвен, можам да победам кого било во светот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО