Хорхе Масвидал не е заинтересиран за борба со Чимаев

Најлошото копиле во УФЦ не сака да се бори со ѕвездата во подем Хамзат Чимаев. Хорхе Масвидал сака да се бори само со борците од топ 5 во полусредна категорија. За жал, Чимаев се уште не се пробил меѓу првите пет во светот.

На крајот на минатиот месец Чимаев повторно импресионираше откако доминираше со Ли Џинглијан и го задуши во првата рунда. Оваа победа го стави во топ 10 во категоријата, но чеченската ѕвезда се уште е далеку од златото.

„Борз“ не престанува да тврди дека ќе ги убие сите. Пред неколку часа, лажен профил на Брет Окамото објави дека Хорхе Масвидал и Чимаев ќе се борат на UFC 270 во јануари 2022 година. Сепак, ова се лажни вести кои доведоа во заблуда многу луѓе.

Во едно од неговите последни интервјуа, Масвидал го сподели следново за неговите идни планови, во кои не е вклучен Чимаев:

„Дали Хамзат Чимаев е во топ 5 во полусредна категорија? Не! Во моментов сакам борби само со борци од топ 5 во категоријата. Нејт Дијаз исто така не е во топ 5 на дивизијата. Сакам да се борам со најдобрите во светот.

Знаеш што ви кажувам. Зошто да се борите со победниците на Ултимејт фајтер? Не сакам да ги повредам. Од таму доаѓаат многу добри борци, но јас сакам да се борам за нешто поголемо“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО