Џон Џон одбележа 60 дена без алкохол

Големата ММА легенда Џон Џонс пред неколку месеци ќе си го уништеше животот. „Коски“ отиде во Лас Вегас за да добие награда од УФЦ, но подоцна се опијанил и направил проблеми. Џонс пијан се вратил во хотелот во кој престојувал со семејството.

Започнал кавга со сопругата и ја претепал. Полицијата добила дојава и го уапсила Џонс, а тој со главата удрил во предниот капак на патролната кола. Џон уште еднаш се најде во притвор и тоа доведе до негово отстранување од ММА салата на Џексон Винк во Албакерки.

Оваа грешка требаше да му ја уништи кариерата, бидејќи тоа не му беше прв прекршок во последните години. По овој инцидент Џонс вети дека повеќе нема да пие и денеска слави 60 дена без алкохол.

Еве што напиша „Боунс“ на социјалните мрежи за алкохолот:

„Бидете трезни, бидете внимателни. Твојот противник, ѓаволот, се шета наоколу како лав што рика, барајќи некој да проголта. Моето семејство, мојот живот, мојата кариера можеа да завршат по она што се случи во Лас Вегас. Но, Бог имаше други планови за мене. Веќе 60 дена сум трезен“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО