Хорхе Линарес и младата надеж Рајан Гарсија славеа со нокаути во Анхајм (ВИДЕО)

Два меча во лесна категорија го предводеа настанот на Голден бој во Анхајм.

Во главната борба на вечерта младата надеж Рајан Гарсија (20-0, 17 КО) стигна до 20-тата победа.

21-годишниот Американец со предно лево кроше по 75 секунди борба го нокаутира четири години постариот Никарагванец Франциско Фонсека (25-3-2, 19 КО).

Поранешниот светски шампион во три тежински категории Хорхе Линарес (47-5, 29 КО) во четвртата рунда го нокаутира Мексиканецот Карлос Мораеш (19-5-4, 8 КО). Прв пат го собори во третата рунда со комбинација на преден директ во телото и заден во главата пред да го заврши со истата комбинација во следната рунда.

На 34-годишниот боксер од Венецуела ова му беше втората победа од јануари минатата година кога беше поразен во Мексико со технички нокаут од Мексиканецот Пабло Цезар Кано.

Фарција заработи 250.000 долари за победата, Хорхе Линарес 100.000 долари и Фонсека 30.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО