Хонорари за УФЦ 269 – Оливеира и Нунес со најголеми заработки

Објавени се хонорарите што ќе ги добијат борците од последната гала вечер на УФЦ во Лас Вегас. Изминатиов викенд го видовме УФЦ 269, кој беше предводен од Чарлс Оливеира и Дастин Пориер. Тие се бореа за титулата во лесна категорија.

Оливеира победи со завршница и ја одбрани титулата. Тоа му носи 492.000 долари, со што Бразилецот е на врвот на платниот список. Дастин ќе си замине дома со 382.000 долари. Аманда Нунес, која ја загуби титулата во петел категорија, заработи 442.000 долари.

Еве кој колку зема од последниот голем настан на УФЦ во 2021 година:

Чарлс Оливеира: 492.000 долари
Аманда Нунес: 442.000 долари
Дастин Пориер: 382.000 долари
Хулијана Пења: 332.000 долари
Доминик Круз: 266.000 долари
Шон О’Мели: 206.000 долари
Таи Туиваса: 206.000 долари
Џош Емет: 162.000 долари
Коди Гарбрант: 146.000 долари
Каи Кара-Франс: 140.000 долари
Педро Муњоз: 126.000 долари
Џилијан Робертсон: 97.600 долари
Бруно Силва: 94.000 долари
Ерик Андерс: 91.000 долари
Џеф Нил: 86.000 долари
Рајан Хол: 80.000 долари
Ден Иге: 71.000 долари
Сантијаго Понзинибио: 63.000 долари
Аугусто Сакаи: 61.000 долари
Андре Муниз: 48.500 долари
Ренди Коста: 44.500 долари
Раулијан Паива: 28.000 долари
Ерин Бланчфилд: 28.000 долари
Тони Кели: 28.000 долари
Џордан Рајт: 24.500 долари
Миранда Маверик: 24.500 долари
Дарик Минер: 24.500 долари
Присила Кахоеира: 21.400 долари

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО