Холовеј ја продава опремата за да се хранат сиромашните

Поранешниот шампион во перо категорија Макс Холовеј не успеа да си го врати појасот. Загуби по втор пат од Александар Волкановски во спорниот дуел кој траеше 25 минути. Судиите имаа тешка задача, кои пресудија во корист на шампионот, кој сега може да се пофали со две победи над Холовеј. 28-годишниот борец од Хаваите влезе во серија од два последователни порази и победи само еднаш во последните четири борби.

„Благословениот“ уште еднаш ќе ја поддржи банката Хавајска храна и најави дека ја продава својата облека со која се бореше во Абу Даби. Макс ќе ги донира средствата за да можат да се хранат лицата кои имаат потреба. До денес, наддавањето за неговата користена облека достигна 18.800 долари.

https://www.instagram.com/p/CCiFyXJh7tu/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО