Холифилд: Тајсон не сака последен танц со мене

Поранешниот светски шампион во тешка категорија Ивандер Холифилд изненадувачки објави дека многу очекуваниот меч меѓу него и Мајк Тајсон може да не се одржи. Само пред неколку дена се појави информација дека двајцата се договориле за егзебициска борба на 29 мај во Мајами, но се покажа дека Диносаурусот одбил.

„Се чини дека Мајк Тајсон не сака да биде мој партнер за последен танц. Знаете каде сум ако се предомислите“, напиша Холифилд на Инстаграм. Тој е единствениот неприкосновен шампион во историјата во полутешка и тешка категорија.

Ако се одржи борбата меѓу 58-годишниот Тајсон и 54-годишниот Холфилд, тие ќе соберат по околу 25 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО