Поранешниот апсолутен светски шампион во полутешка и тешка категорија, Ивендер Холифилд (САД) во врска за средбата меѓу сонародникот и в.д. светски шампион во верзија ИБФ, Чарлс Мартин и Британецот Ентони Џошуа, олимпискиот шампион од Игрите во Лондон 2012.
„Џошуа не се бори така како што се борат останатите големи момци. Тој работи во стилот на боксерите од пониските категории – со многу удари, но силата на неговите удари е како на боксер од тешка категорија. Сметам дека Ентони може да стане голем борец, а овој меч може да биде еден од најдобрите во годината. Шансите за победа се еднакви. се зависи од тоа дали ќе му укаже шанса на Џошуа да се избори добро против левичар“, изјави Ивендер Холифилд во интервју за „Скај спортс“.