Поминаа повеќе од десет дена откако Холи Холм ја нокаутираше Ронда Русеј, а од поранешната шампионка се уште гласа немаме слушнато.
Во случај без преседан за УФЦ, дури и претседателот Дана Вајт не зборува за оваа тема.
Затоа, од друга страна, Холи Холм веднаш стана миленичка на навивачите и медиумите, крадејќи и го местото под рефлекторите на Ронда.
На прашање на Њујорк Тајмс, колку пати би ја победила Рондо во 10 мечеви, Холи одговори: „Десет“.
Потоа објасни.
“Ако самата на себе си речам дека можеби постои еден кој не би го добила, тогаш би била ранлива. Свесен сум дека може да ме победи и затоа ќе тренирам двојно повеќе. Таа ќе се врати. Лута ова веќе не е нејзина титула. Ќе морам да биде двокраратно подобро подготвена од минатиот пат“.
Иако поминаа повеќе од десет дена по поразот Ронда Русеј, критиките и насладувањето само помалку стивнуваат. Се извлекуваат коментари за поранешните ривали.
„Таа е тип на човек, за која, кога ќе ја претепам и таа пордаи ќе заработи многу пари, ќе рече: Добро за неа. Оди и купи си куќа во Албакерки од тоа. Онаа последната жена (Бет Кореија), таа е една стара кучка, јас претепав и заработи многу пари за заради мене. Ама реков: Ах, што и да е. Забавувај се со тоа. Но, што се однесува до Холи, искрено ќе ми биде драго за неа и се надевам дека ќе го поднесот поразот на здрав начин и ќе ужива во придобивките кои и ги донесе оваа борба“, зборуваше Русеј пред УФЦ 193.