Хју Фјури и Мајкл Хантер се борат за предизвикувач за титулата во тешка категорија на ВБА

Британецот Хју Фјури и Американецот Мајкл Хантер ќе боксираат на 2 јули во Манчестер во елиминациски меч за титулата во тешка категорија на ВБА.

На ВБА ранг-листата Фјури е на второто место, а Хантер на четвртото место.

Британскиот боксер во кариерата има 26 победи, а има и три порази (Жозеф Паркер, Кубрат Пулев и Александар Поветкин).

Последниот меч го имаше минатиот октомври кога Кристијан Хамер му го предаде мечот на крајот од петтата рунда.

Мајкл Хантер (20-1-2) се прослави во крузер категорија, а во април 2017 година со судиска одлука загуби во борбата за титулата против Александр Усик.

Кариерата ја продолжи во тешка категорија каде ги победи Мартин Баколе, Александар Устинов, Сергеј Кузмин, а ремизираше против Александар Поветкин.

Минатата година требаше да се бори против Хравтот Филип Хрговиќ, но се откажа од мечот.

Хантер во декември минатата година ремизираше против Џери Форест.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hughie Fury (@hughiefury)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО