Херојот Иван Кукуновски е во стабилна состојба по борбата со огенаната стихија во Чучер Сандево

Младиот кикбоксер Иван Кукуновски, кој веќе има забележителни резултати во овој спорт, се истакна и во хуманата, човечката димензија, со повеќе жители на Чучер Сандево, како и неговиот татко Јовица, се вклучи во гаснењето на пожарот што го зафати овој предел.
Како резултат на борбата со огнената стихија, младиот волонтер, херојот од Чучер-Сандево, Иван Кукуновски се задушил од чад за време на гаснењето на големиот пожар и заврши на Клиниката за токсикологија во Скопје. Сега тој е во стабилна состојба.
Информацијата ја потврди татко му.
„По 24 часовната борба со огнената стихија мојата борба како родител продолжува на друг фронт со мојата прва радост. Го победивме огнот, ќе го победиме и ова сине Иване“, напиша на Фејсбук Јовица!
Ќе потсетиме дека пожарот избувна во ридско-планинскиот предел во Општината Чучер Сандево.
А младиот волонтер Иван бил дел од екипите кои повеќе од 24 часа се бореа со огнената стихија. Пожарот се закануваше да зафати и населени места. Неговата пожртвуваност е само уште еден доказ за храброста на сите кои учествуваа во гаснењето.



