Меѓународна сценаММА
Волкановски ги спореди Махачев и Топурија

Актуелниот шампион на УФЦ во перо категорија Александар Волкановски изјави дека по поразот со нокаут во реваншот со Русинот Ислам Махачев, покажал повеќе симптоми на потрес на мозокот отколку во борбата со Шпанецот Илија Топурија.
„Чувствувам дека покажав многу повеќе симптоми на потрес на мозокот по реваншот со Ислам отколку во борбата со Илија, иако подолго бев во нокаут во борбата со него. Морав малку подолго да се одморам по реваншот со Махачев“, рече Волкановски.
Да потсетиме дека претрпе два порази од Махачев во епски борби, а потоа загуби и од Топурија.



