Херн им скокна на судиите иако неговиот боксер победи

Еди Херн им скокна на судиите откако тие донесоа едногласна победа за неговиот боксер Зелфа Барет против поранешниот шампион Кико Мартинез.

Тие се сретнаа во суперперо категорија во Лондон, бидејќи 27-годишниот Британец се претстави многу добро издание и заслужено победи. Сепак, одлуката на двајца од судиите во рингот да досудат 118-111 во негова корист, го разбесни Еди Херн и ги повика британските судии да покажат поголема почит кон странските боксери. Третиот даде 116-113.

118-111 е одвратна за Кико Мартинез. Како ќе донесеме странски боксери тука кога нема апсолутно никакво почитување за нивните изведби? 118-111? Можеби воопшто да не се мачи. Тој беше неуморен 12 рунди. Како носиме боксери од светска класа во оваа земја кога ќе бидат оценети според ваквите резултати? Немаше само еден судија, имаше двајца. Ги имам видено претходно. Тоа не зборува добро за мене, за Зелфа, најмаку за Кико. Овие момчиња го ризикуваат здравјето и за наприте го добиваат тоа. Кико можеше да трча цела ноќ за тој резултат. Сакам повторно да го видам овој меч. Сакам Кико да добие реванш, бидејќи тој го заслужува тоа“, експлодира Херн по мечот.

На неговите коментари им се придружија и еден куп поранешни боксери и специјалисти, кои исто така ја осудија одлуката на судиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО