Вајт: Ќе му обезбедам вистински лекари на Чимаев

Дана Вајт покажа дека има посебeн однос спрема Хамзат Чимаев и планира да му обезбеди вистински лекари. Во последните неколку дена беше јасно дека Чимаев не се опоравил целосно од коронавирусот и повторно отпадна од борбата со Леон Едвардс.

Тиеј требаше во март да се борат во полусредна категорија, но сето тоа пропадна. Тоа беше средбата во која Чимаев можеше да се докаже и да влезе во топ 3 на категоријата. Дефинитивно голема загуба за него, но Дана Вајт му е голема потпора.

Чимаев успеа да ги освои симпатиите на Вајт откако победи во три борби за 66 дена. Во интервју за ММА Фајтинг Вајт изјави дека ќе се погрижи за Чимаев, а откако ќе се опорави ќе го најдат ривал.

„Мислам дека Хамзат ги занемари мерки на претпазливост. Ако ја разбирате психологијата на оваа личност, тогаш знаете дека тој нема да слуша. Веројатно не го стори тоа што требаше да се направи.

Дефинитивно не се грижеше за своето здравје на најдобар начин. Ќе се обидам да го извадам од таму, сакам да го однесам кај вистински лекари. Нека се грижат за него и тогаш ќе му организираме битка“, рече Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО