Познатиот боксерски промотор Еди Херн се сомнева дека Тајсон Фјури ќе ја прифати борбата против Александар Усик за обединување на титулите во тешка категорија која треба да се одржи на крајот на годината во Саудиска Арабија.
Сопственикот на Мечрум бокс патем откри дека тоа нема да ги поремети плановите, а го потврди и мечот меѓу Ентони Џошуа и Дионтеј Вајлдер.
Имено, Скил челинџ Ентертејмент ја презеде организацијата на настанот, а во декември сакаат да приредат боксерски спектакл кој би ја предводел борбата за апсолутен шампион во тешка категорија меѓу Фјури и Усик, а на истиот настан би боксирале Џошуа и Вајлдер.
Но, засега тоа е само желба, а за да се оствари, прво треба да се договорат сите страни.
Во едно неодамнешно интервју Херн потврди дека Џошуа ќе се бори со Вајлдер без разлика дали Фјури ќе се повлече од борбата против Усик.
„Ни гарантираа дека Еј Џеј ќе боксира против Вајлдер без разлика дали Фјури ќе се договори со Усик. И се сомневам дека ќе ја прифати таа борба. Тајсон лебди некаде и најверојатно ќе заврши со одбивање на мечот против Усик“, рече Еди Херн и додаде:
„Едноставно мислам дека тој побара многу пари, а знае колку е тешка борбата против Александар Усик. Сите добро го познаваме и мисли дека го има последниот збор. Веројатно ќе побара одредена сума на хонорари, но мислам дека Скилс челинџ нема да го исполни неговото барање и така ќе заврши. Но затоа ќе имаме меч меѓу Џошуа и Вајлдер“.