Херн: Џошуа сака борба оваа година и ќе ја добие

Еди Херн, менаџерот на шампионот на ИБФ, ИБО, ВБА и ВБО, Ентони Џошуа, изјави дека Англичанецот дефинитивно ќе има борба оваа година.

Џошуа не влегол во рингот од декември 2019 година, кога си ги врати титулите со победа со одлука на судиите над Енди Руиз во Саудиска Арабија.

Во моментов, неговиот следен закажан меч е во декември, дури и ако мора да се бори во празна сала без публика.

„ЕЏ сака борба оваа година и ќе ја добие“, рече Херн.

„Се надевам дека во декември ќе можеме да имаме целосна или половина полна „О2“ арената. Сакаме да имаме публика, затоа што ако нема гледачи, ова е прилично сериозна дупка во буџетот. Но, тој ќе се бори, ќе мора, во спротивно ќе биде надвор од рингот една година.

Нема да е важно дали е со или без публика. Приходот ќе биде различен, но тој е подготвен за тоа“.

Противник на Џошуа е задолжителниот предизвикувач за титулата на ИБФ, Кубрат Пулев. Тие имаа закажан меч во јуни, но истиот беше одложен поради пандемијата на коронавирусот.

Целта на Англичанецот е да го совлада Пулев и потоа да се бори против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, кој наесен чека трилогија со Дионтеј Вајлдер.

„Во моментов планот е да се бориме против Пулев – тој е задолжителен прдизвикувач“, рече Харн.

Но, светската состојба остави сè да виси и има многу варијабли. Џошуа сака да се бори против Фјури и ја сака титулата на ВБЦ повеќе од што било“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО