Херн: Договорот за борбата со Кличко мора да биде постигнат оваа недела

entoni-dzosua-u-hern

Борбата меѓу Ентони Џошуа и Владимир Кличко ќе се мора да се дефинира оваа недела, вели промотор на Џошуа, Еди Херн.

Промоторот на ИБФ шампионот се уште е во преговори со менаџерот на Украинецот, Бернд Бонте.

Херн е убеден дека ќе се постигне договор за мегаборбата, но времето одбројува.

„Сите сме посветени на тоа ова да биде следната борба и ги ставивме сите јајца во иста кошница. Тоа е борбата на која работиме сите“.

„Мислам дека нема изговори. Ако се одржи, мора да биде потпишана или објавена оваа недела, бидејќи ако не се случи тоа, борбата нема да се одржи“.

„Луѓето ми велат дека не треба да подготовка, бидејќи тоа е огромна борба и ќе ги урне сите рекорди, но нашата работа е да обезбедиме се, за да ги собори сите рекорди“.

„Поентата е да бидеме сигурни дека имаме доволно време, за се да биде совршено“.

Херн и Боенте разговараат откако пропадна реваншот помеѓу Кличко и ВБО, ИБО и ВБА шампионот Тајсон Фјури.

Џошуа требаше да ја одбрани титулата на 26 ноември во Манчестер, но ако дојде до борба со Кличко таа ќе се одржи на 10 декември на истото место.

Шефот на Мечрум бокс откри дека треба да се решат уште низа прашања, вклучувајќи го и прашањето за пренос во САД, затоа што Џошуа има договор со Шоутајм, а Кличко со ХБО.

Исто така ги чекаат следните потези на ВБО и ВБА федерациите, за да видат дали ќе му ги одземат појасите на Фјури.

„Не постои ништо што го гледам во овој момент за да речам дека тоа може да биде голем проблем. Дефинитивно, има некои работи за решавање, но тоа се работи кои може да се решат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО