Херн: Џошуа идната година ќе се бори со Усик

Еди Херн вели дека очекува Ентони Џошуа следната година да се бори со Александар Усик.

Украинецот неодамна потпиша договор со Мечрум боксинг, па така има заеднички промотор со светски шампион во тешка категорија.

Запрашан дали до борба меѓу Џошу и Усик ќе дојде оваа година, Херн одговори:„ Не. Таа борба доаѓа во 2020 година“.

„Усик ќе се бори во мај, веројатно ќе дебитира во тешка категорија, а можен противник е Александар Поветкин. Потоа ќе одработи уште една борба, а потоа и ВБО би можел да го постави за задолижителен предизвикувач на Ентони Џошуа. Предводувам дека таа борба би можела да се одржи во пролетта 2020 година.

Усик и Џошуа освоија златни медали на Олимписките игри во Лондон. Украинецот во тешка, а Британецот во супертешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО