Хенри Сехудо размислува да се пензионира доколку загуби од Мераб Двалишвили на УФЦ 298

Хенри Сехудо ја заложува кариерата на УФЦ 298.

Сехудо (16-3 ММА, 10-3 УФЦ) ќе се соочи со Мераб Двалишвили (16-4 ММА, 9-2 УФЦ) на 17 февруари во Хонда центарот во Анахајм, Калифорнија. А влогот во оваа борба е шанса за титулата во УФЦ и не само тоа.

„Спортот е тежок. Подготовките, две деца и такви работи… За мене е се или ништо!“, рече Сехудо на „ХЈР Експеримент“.

Сехудо се пензионираше во мај 2020 година, откако ја задржа титулата во бантам категорија против Доминик Круз. Поранешниот двократен шампион на УФЦ беше поттикнат да се врати три години подоцна, кога во мај загуби од тогашниот шампион Стерлинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО