Хендерсон го совлада Тач во една фантастична борба!

henderson thatch gusenje

Бенсон Хендерсон успешно дебитираше во велтер категорија, но до победата дојде на потежок начин. Брендон Тач неколку пати  го „имаше“, но Бендо покажа срце на шампион и и славеше со прекин во четвртата рунда. Импресивен Нил Магни дојде до пета, а Макс Холовеј до шестата победа во низа , и двајцата за нешто повеќе од една година.

 „Фајт најт“ во Брумфилд не разочара, уште сега исфрли кандидати за борба на годината, а тоа е главната, меѓу Бенсон Хендерсон и Брендон Тач. Хендерсон славеше со давење во четвртата рунда, но по одличните три рунди претходно, при што мора да се признае дека покажаа голема волја и издржливост.

 Хендерсон прифати борба нанозе против повисокиот и посилниот борец и не разочара во овој сегмент. Борбата беше целосно изедначена, иако конкретните удари ги погодуваше Тач, а најконкретниот се случи во втората рунда. Во втората половина на третата рунда за прв пат се покажа колку е опасен Бендо на паретерот, но без завршница, затоа што тоа се случи во четвртата рунда.

 И двајацата борци поприлично исцрпени, како да ја чекаа партер позицијата, каде што Тач добро се чуваше, но потоа дојде моментот на неискуство. Хендерсон накратко го пушти пушти, Тач се обиде да го користи тоа за да стане, но така влезе во стапица. Хендерсон го фаќа и го дави, принудувајќи го противникот на предавање.

УФЦ Фајт најт 60 – резултати:

Бенсон Хендерсон – Брендон Тач, ПОД (РНЦ), Р4 03:58

Макс Холовеј – Кол Милер со едногласна одлука на судиите

Нил Магни – Киичи Кунимото , ПОД (РНЦ), Р3 01:22

Дан Кели – Патрик Волш, со едногласна одлука на судиите

Кевин Ли – Мишел Празерес со едногласна одлука на судиите

Реј Борг – Крис Келадес, ПОД (Кимура), Р3 02:56

Ефреин Ескудеро – Родриго де Лима, со едногласна одлука на судиите

Чес Скели – Џим Алерс, ТКО – Р2 04:59

Зек Маковски – Тим Елиот, со едногласна одлука на судиите

Џејмс Мунтасри – Коди Фистер, ПОД (РНЦ) Р2 01:49

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО