Хантер: Мислам дека Усик ќе го победи Џошуа

Мајкл Хантер уште еднаш во интервју изјави дека очекува Александар Усик да го симне од тронот во тешка категорија Ентони Џошуа и ќе му ги одземе шампионските појаси на ВБА (Супер), ВБО, ИБФ и ИБО.

„Мислам дека Александар Усик ќе го победи Ентони Џошуа. Тој е подобар боксер. Но, ми се чини дека Џошуа дури сега научил некои од основите на боксот на највисоко ниво. Не очекувам борба меѓу мене и Џошуа (или Усик) веднаш, бидејќи шампионот има моментална определба за борба. Би сакал да се борам со него во не толку далечна иднина. Ќе продолжам да напредувам со сета моја енергија за да стигнеме до меч меѓу нас“, рече Хантер за ДАЗН.

Усик и Џошуа ќе се сретнат на 25 септември, во судир на двајца олимписки шампиони. Борбата ќе се одржи на стадионот на фудбалскиот тим Тотенхем.

Александар Усик има биланс од 18 победи (13 со нокаут) и нема пораз во професионалниот ринг. Олимпискиот шампион од Лондон 2012 последен пат влезе во рингот во октомври. На боксерската гала на „Вембли арена“ Усик го победи Дерек Чисора со едногласна одлука.

Ентони Џошуа има скор од 24 победи (21 со нокаут) и 1 пораз (од Енди Руиз Јуниор). Светскиот шампион на четири боксерски организации (ВБА Супер, ВБО, ИБФ и ИБО) последен пат влезе во рингот на крајот на декември 2020 година кога го нокаутира Кубрат Пулев. Сите појаси беа залог на средбата, а се одржа во Вембли арена.

Да потсетиме дека Мајкл Хатер се врати во рингот нокаутирајќи го во четвртата рунда сонародникот Мајк Вилсон пред околу еден месец. Судирот беше за титулата на ВБА во тешка категорија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО