Хамзат Чимаев тренира со противникот на Тил

Хамзат Чимаев и Дарен Тил во последно време станаа неразделни пријатели. Нивното дружење и тренинг е проследено преку серијата „Смеш Брос“.

Тил беше со Чимаев кога шведско-чеченскиот борец се подготвуваше за мечот против Жилберт Барнс.

Хамзат го победи Бразилецот со едногласна одлука на судиите во април, по вистинска војна во октагонот.

А следен во акција влегува Дарен Тил.

Англискиот борец на 23 јули ќе се бори со Џек Хермансон настанот на УФЦ во Лондон. Тил има два порази во низа, од Роберт Витакер и Дерек Брансон.

Борецот на Ливерпул ја врати самодовербата по тренинзите со Хамзат и се надева дека би можел да ја прекине лошата серија против Хермансон.

Но, на социјалните мрежи се појави заедничка фотографија од следниот противник на Тил и Чимаев.

„Направив неколку рунди со Волкот“, напиша Џек Хермансон со објава на Инстаграм.

Некои го нарекоа Чимаев предавник, но не треба да се заборави дека Џек и Хамзат се пријатели долги години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jack hermansson (@jackthejokermma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON