Хамзат Чимаев тренира со Абдулрашид Садулаев за УФЦ 319

Хамзат Чимаев одлучи да ги подобри вештините во борење со Абдулрашид Садулаев.
Чеченската ѕвезда се подготвува за првата шампионска борба во УФЦ. Чимаев ќе се соочи со шампионот Дрикус ду Плесис во борбата на вечерта на настанот УФЦ 319, кој ќе се одржи во август во Чикаго, САД. Хамзат сè уште не е поразен.
Моментално, „Борз“ е на тренинг камп и одлучи да тренира со Садулаев. Абдулрашид е двократен освојувач на златен олимписки медал (2016, 2020), шесткратен светски шампион (2014, 2015, 2018, 2019, 2021, 2024), шампион на Светското првенство во индивидуални вештини (2020), четирикратен континентален шампион на Европа (2014, 2018, 2019, 2020).
Садулаев се смета за еден од најдоминантните активни борачи во слободен стил во светот, како и еден од најдобрите борачи во слободен стил на сите времиња.
„Успех во шампионсктата борба. Те чекам со појасот“, напиша Садулаев покрај фотографијата од него како тренира со Чимаев.
View this post on Instagram



