Канело откри со кого сака да се бори по Крафорд: Морам да докажам дека сум подобар од него

Неприкоснновениот шампион во супер средна категорија, Канело Алварез, ќе ги брани титулите на 13 септември во една од најочекуваните борби во годината против Теренс Крофорд.
Канело и Бад се меѓу најдобрите боксери во светот денес, а љубителите на боксот со нетрпение го очекуваат нивниот дуел, кој ќе се одржи на сè уште неофицијална локација во Соединетите Американски Држави.
Мексиканската мегаѕвезда ја потврди големата борба со неодамнешната победа над шампионот на ИБФ, Вилијам Скул, за повторно обединување на титулите во дивизијата.
И додека се подготвува за она што може да биде најголемата борба во неговата кариера, Канело веќе размислува за следниот потег и откри со кого сака да се бори по Бад.
Мексиканскиот великан признава дека е заинтересиран за реванш со поранешниот неоспорен шампион во полутешка категорија, Дмитри Бивол, во мај 2022 година Канело загуби од Киргистанецот.
„Се надевам дека ќе имам можност да закажам реванш против Бивол, тоа е единствената борба што навистина би ја прифатил во категоријата до 165 фунти. Ќе видиме за Али“, рече Канело Алварез и продолжи:
„Сакам да се убедам себеси дека научив нешто од таа борба. Знам што не треба да правам. Би сакал да покажам дека сум подобар борец од него“.
Бивол го победи Канело со едногласна одлука пред три години, што беше втор пораз во неговата кариера. Киргистанскиот борец потоа ја одбрани титулата на ВБА во полутешка категорија.



