Хамзат Чимаев објави кои се најголеми во историјата на ММА

Една од темите што никогаш не старее и е секогаш актуелна е онаа за најголемиот борец во историјата на ММА. Секој борец има различно мислење, а навивачите се уште полоши. Секој има свои миленици и тешко дека можете да ги убедите дека еден борец е поголем од друг.

Видовме многу мислења и, воопшто, секоја категорија во ММА има свој најголем борец. Навивачите и борците често се согласуваат дека Џон Џонс, Федор Емелијаненко, Жорж Сент Пјер и Хабиб Нурмагомедов се меѓу великаните во овој спорт.

Хамзат Чимаев, кој се прослави минатата година и го почна својот марш кон врвот, исто така има што да каже на оваа тема. Во интервју за руски медиуми, тој ја објави листата со оние за кои верува дека се најголеми. А, тоа се:

„Хабиб Нурмагомедов, Федор Емелијаненко, Џон Џонс, Хенри Сехудо, Жорж Сент Пјер и Андерсон Силва. Во принцип, има многу добри борци во ММА, но мислам дека овие се најголемите во историјата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО