Хамзат Чимаев му се заканува на Адесања: Ќе го претепам без да ме удри

Непоразениот шведско-чеченски борец на УФЦ, Хамзат Чимаев, изјави дека може да ја земе титулата во средна категорија од Израел Адесања.

„Израел нема со кого да се бори освен мене. Оваа борба ќе заработи пари, прашајте ги навивачите – сакаат да ме видат како се борам со Адесања. Јас сум лоша опција за него, сите знаат дека ќе ја загуби титулата. Затоа УФЦ го штити, бидејќи не сакаат да го изгубат оној што го создале. Ќе го завршам без ниту еден удар и оваа приказна ќе заврши. Можеби тој заработува пари за нив, но и јас го правам тоа“.

„Ги победи сите, но јас сум убиец, јас сум борец. Јас сум најголемото име меѓу оние без појас. Борбата против мене ќе донесе повеќе фанови, повеќе пари. Сите ги чекаат моите борби“, вели Чимаев во видеото на неговиот канал на Јутјуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО