Хамзат Чимаев: Критичарите озборуваат, а јас победувам

Озборувањата за новата голема ѕвезда на УФЦ, Хамзат Чимаев, се од завист, затоа луѓето не престануваат да го критикуваат.

26-годишниот борец предизвика бура во УФЦ во неговите први три борби. Заврши двајца ривали за десет дена во две различни категории, испишувајќи историја. Критичарите почнаа да кажуваат дека тој се бори против слаби противници и многумина го отпишаа во битката против Џералд Мершарт.

Борз влезе во октагонот со Мершарт кон крајот на минатиот месец и го нокаутира за 17 секунди со еден удар. Така, Чимаев трите борби во УФЦ ги заврши во рок од 66 дена и освои три бонуси. Сепак, ова не е доволно за критичарите и тие продолжуваат да зборуваат. Непоразениот Чеченец, кој има учинок од 9-0 во ММА, нема намера да им обрнува внимание и планира да продолжи со победите.

„Пред да влезам во УФЦ, ми рекоа дека победил со случаен удар и слични работи. Сум победувал слаби противници. УФЦ беше превисока граница за мене. Сега сум во УФЦ и сè уште велат дека се борам со слаби ривали.

Не сум бил доволно добар за врвните борци. Сум го нокаутирал Мершарт со случаен удар. Вие секогаш ќе зборувате, а јас ќе продолжам понатаму и ќе победувам“, одговор Чимаев.

На социјалните мрежи Хамзат изјави дека наскоро ќе има вести за битка со неговото учество.

https://www.instagram.com/tv/CGFsIvQHtjP/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО