Хамза Јашари и Еди Шерифовски на „Гренд слем Париз

Двјаца македонски џудисти настапуваат на „Гренд слем Париз 2020“, Хамза Јашари и Еди Шерифовски. Овае дебитантски настап на нашите џудисти на вака силен турнир, но тоа е големо искуство за нив и за нивен развој.

Прв настапи Хамза Јашари, на кого ова му е прв настап во повозрасна конкуренција по успесите во кадетска конкуренција, притоа беше поразен од бугарскиот џудист Божидар Темелков со ипон. Утре на татамито ќе се појави Еди Шерифовски, иако има тежок противник, се надеваме дека дебито ќе го круниса со победа.    

На Гренд слем Париз 2020 настапуваат 683 натпреварувачи од 115 земји, 407 во машка и 276 во женска конкуренција.

-66 кг

Хамза Јашари – Божидар Темелков (Бугарија) пораз со ипон

-81 кг

Еди Шерифовски – Фетра Рацимизива (Мадагаскар)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО