Хамза Јашари го освои сребрениот, а му го украдоа златниот медал на Европскиот куп во Фолоника

 

Хамза Јашари го освои сребениот медал на Европкиот кадетски куп во џудо во Фолоника – Италија, во категорија до 66 килограми. Но, според известувањето од нашето водство Хамза е украден, бидејќи е суден непостоечи вазари, со што му го земаа златниот медал.

Така, Јашари јашари го продолжи победосниот од по освојувањето првиот историски златен медал за Македонија на еден Европски џудо куп за кадети во Гиор, Унгарија, минатата година, кога нанижа пет одлични борби.

До сребрениот медал Хамза се бореше извноредно во конкуренција 56 натпреварувачи, а во финалето загуби од Јајхунбек Назаров од Узбекистан со вазари. До финалето Јашари славеше против Том Мориц од Германија со ипон, Богдан Јора од Канада со ипон, Даниел Нуриев од Естонија со ипон и над Шандор Оскаи од Унгарија со ипон спрема вазари.

Нашиот репрезентативец наветсува одлична сезона и кандидатура за малдинските Олимписки игри во Аргентина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО