Хамза Јашари е девети на младинските Олимписки игри

Хамза Јашари (-66 кг) во поразот од Шпанецот Хавиер Пена Инсаусти со 1-11, однсно со ипон и вазари спрема вазари на џудо турнирот на младинските Олимписки игри во Буенос Аирес, Аргентина, во првата борба од репасажот се рехабилитираше и славеше против Грузеицот Георгиос Баларјишвил кој настапува за Кипар со вазари (1-0). Во втората загуби минимално со вазари од Финецот Турпал Џукаев.

Според изветсувањата од Буенос Аирес, Хамза се борел храбро и во секоја борба влегувал со самодоверба, демонстрирајќи врвно џудо како ниту еден џудист досега. Јашари во вкупниот пласман е девети.

Во неговата категорија има 17 натпреварувачи и речиси сите фаворити за медали беа во неговата група. Олимписки шампион е Вугар Талибов од Азербејџан, втор е Абрек Нагучев од Русија, додека бронзите се за Шпанецот Хавиер Пена Инсаусти и Антонио Торнал од Домениканската Република.

Нема да биде изненадување ако Хамза с енајде во некој од мешаните тимови на крајот од натпреварувањата.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON